Еден Азар објави крај на кариерата

Фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Белгискиот фудбалер, Еден Азар објави крај на кариерата на 32 години.

Својата одлука Азар ја соопшти на социјалните мрежи. Кариерата на Азар беше долга повеќе од 16 години и одигра повеќе од 700 натпревари.

„Го остварив својот сон: Да играм и да се забавувам на терените ширум Европа и светот. Во текот на кариерата запознав прекрасни луѓе, менаџери, тренери, соиграчи и посебно би сакал да се заблагодарам на моите клубови: Лил, Челзи и Реал Мадрид. Уште еднаш благодарам и на белгиската репрезентација“, објави Азар.

Најдобрите денови од кариерата Азар ги помина во редовите на Челси од каде што во трансфер вреден 89 милиони фунти премина во Реал Мадрид.

Во Реал Мадрид сепак беше далеку од формата со која настапуваше во Челзи. За шпанскиот гигант одигра само 54 натпревари во шест сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот