ЕЦБ се подготвува повторно да ги зголеми каматните стапки

ЕЦБ/Фото: Архива на СП

Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно на денешниот состанок повторно ќе ја зголеми основната каматна стапка и ќе продолжи со политиката на натамошни зголемувања во услови на висока инфлација, јави БТА, повикувајќи се на Франс прес.

За ова го фаворизира и подобрувањето на економската клима која ги отстранува инхибициите на финансиската институција во однос на заострувањето на монетарната политика. По неколку години помека акција, институцијата предводена од Кристин Лагард од минатото лето спроведува шокантна каматна политика, со цел да ја „олади“ економската активност со надеж дека ќе го спречи порастот на цените предизвикан од војната во Украина.

Враќањето на релативната смиреност на пазарите на електрична енергија овозможи намалување на инфлацијата втор месец по ред во декември – на 9,2 отсто, но сепак останувајќи далеку над целта од 2 отсто. За јануари, прелиминарните проценки објавени вчера укажуваат на уште пониска инфлација во еврозоната во јануари од 8,5 отсто.

Лошата вест е дека базичната инфлација – без електрична енергија, храна, алкохол и тутун – се зголеми на 5,2 отсто во декември. Зголемувањето на тарифите за енергија ја „заразува“ целата економија и годинава се очекува значително зголемување на платите за да се надомести загубата на куповната моќ на домаќинствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот