Ѕвездата на популарната серија „Изгубени“ се откажува од актерството: „Оддалечувањето од славата и богатството е застрашувачко…“
Актерката Еванџелин Лили (44) на својот инстаграм-профил објави дека се повлекува од Холивуд, a „можеби ќе се врати еден ден“. Имено, Лили, најпозната по улогата на Кејт Остин во драмската серија „Изгубени“, сподели видео снимено во 2006 година во кое ја изразила својата желба да биде „актерка во пензија“ до следната деценија.
Препорачано
„Толку сум исполнета со радост и задоволство денес додека ја живеам мојата визија. Оддалечувањето од она што изгледа како очигледен избор (богатство и слава) понекогаш може да изгледа застрашувачки, но влегувањето во вашата ‘дарма’ го заменува стравот со исполнување. Можеби еден ден ќе се вратам во Холивуд, но засега, ова е местото каде што припаѓам. Пристигна новата сезона и јас сум подготвена… Среќна сум“, напишала актерката.
Лили е позната по улогата на Кејт Остин во популарната серија „Изгубени“, а глумеше и во филмовите „Човекот мравка“, „Човекот мравка и осата“ и „Одмаздници: Крај на игрите“. Актерката отсекогаш отворено зборувала за работата во Холивуд, а во една прилика зборувала и за лошо искуство за време на снимањето на серијата „Изгубени“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.


