Ѕвездата на Онлифанс, Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста и со тоа заработила милион фунти
Ѕвездата на Онлифанс, Бони Блу, призна дека ја лажирала бременоста, со што ги потврди шпекулациите што со недели кружеа на социјалните мрежи, објави британски „Мирор“.
Препорачано
Блу, чие вистинско име е Тиа Билингер, во февруари предизвика големо внимание со објава дека е бремена, а на следбениците им покажа и позитивен тест за бременост, пишува Mirror.
Тогаш тврдеше дека веќе извесно време е бремена и порача: „Само затоа што сум бремена, не значи дека ќе заборавам на рејџ бејтот (rage bait)“.
Во видео на ТикТок изјави дека е „исклучително возбудена“ и се пожали дека таа промена во животниот стил ѝ го отежнува усогласувањето на интернет-персоната со приватниот живот.
Нејзината објава предизвика бројни негативни реакции, особено кај корисници кои споделија сопствени искуства со спонтан абортус.
„Тоа е мое тело и можам да изберам како ќе ја споделам веста за мојата бременост. Со тоа воопшто не се исмејуваат спонтаните абортуси“, им одговори Бони. „Она што тие го поминале е срцепарателно, но тоа не е моја вина ниту мој проблем. Ако сте лути, насочете го тој гнев на друго место.“
Само неколку недели откако тврдеше дека забременила по подвиг во кој наводно спиела со 400 мажи, таа во ново видео откри дека сè било лага. Призна дека користела „лажен труднички стомак“.
Јавувајќи се од раскошна вила во Мексико, порача: „Пролетниот распуст заврши и повеќе нема да ми треба овој лажен стомак. Благодарам на сите глупави средновечни родители што наседнавте на мојот рејџ бејт (rage bait). Не само што ја плати оваа вила и сонцето, туку повеќе од 100 милиони прегледи ми донесоа дополнителни милион фунти (1.153.100 евра).“
Откако им испрати бакнеж на гледачите, видеото заврши, а во коментарите веднаш се појавија критики. „Ме збунува што луѓето воопшто ја поддржуваат оваа жена“, напиша еден корисник на Инстаграм. „Никој од нас не наседна на тоа“, додаде друг, додека трет беше поостар: „Никој воопшто не веруваше дека е бремена, лол.“
Бони дополнително напиша: „Бони Блу ве рејџбејтна сите“.
ФОТО | По контроверзниот предизвик со 400 мажи, ѕвездата на Онлифанс, Бони Блу, откри дека е бремена


