Ѕвездата на „Harry Potter“ стана татко: Актерот го доби првото дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк

Даниел Редклиф и Ерин Дарк
Даниел Редклиф и Ерин Дарк / Фото: imageSPACE / ddp USA / Profimedia

Ѕвездата на филмскиот серијал „Harry Potter“, Даниел Редклиф (33) и неговата долгогодишна девојка, американската актерка Ерин Дарк (38), во понеделникот беа фотографирани како го носат своето новороденче на прошетка во Њујорк.

Даниел, кој се обидел да остане незабележан со темна бејзбол капа и заштитна маска за лице, туркајќи ја количката, се прилагодува на новата животна улога, а неговата партнерка Ерин го следи во близина.


Двојката се запозна во 2012 година на снимањето на филмот „Kill Your Darlings“, а претходно оваа година потврдија дека чекаат дете.

Даниел се прослави на 12 години како волшебникот Хари Потер во филмската франшиза вредна повеќе милијарди фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот