Фото: Anthony Joshua/Twitter

Џошуа учествувал во сообраќајна несреќа во која загинале двајца луѓе

Британскиот боксер Ентони Џошуа учествувал во сообраќајна несреќа утринава на автопатот Лагос-Ибадан во Нигерија, при што загинале две лица. Џошуа се здобил со полесни повреди и бил дезориентиран по инцидентот.

Според првичните информации, судирот се случил помеѓу „Лексус“ и „Пајеро“, а Џошуа бил на задното седиште на „Лексусот“. На местото на несреќата, очевидците започнале да помагаат, а брзо пристигнале спасувачки екипи.

Само неколку часа пред инцидентот, Џошуа објавил видео на Инстаграм, каде игра пинг-понг.

 

Преземено од: Sport.com.mk

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот