ВИДЕО | Џорџ Клуни шокираше со изјава за кражбата во Лувр
Џорџ Клуни, чии филмови за џентлменот-крадец Дени Оушен ги потсети многумина на најновата кражба во парискиот Лувр, го опиша овој настан како кул, но истовремено и застрашувачки.
Препорачано
„Тоа навистина беше кул“, рече тој за списанието „Варајети“, но потоа се исправи и додаде дека тоа истовремено беше застрашувачки настан.
„Но кога сте професионален крадец како јас, тогаш навистина се гордеете со ваквите момци“, се пошегува Клуни, кој во филмската франшиза играше крадец што планира спектакуларни кражби.
Актерот се насмеа кога новинарот укажа дека многумина ја споредуваат кражбата во Лувр со настаните од филмовите за Дени Оушен.
„Навистина е забавно, бидејќи сè се случи среде ден, додека сите тие туристи беа таму“, рече тој, додавајќи дека гледал снимки од кражбата во Париз.
Клуни истовремено откри дека веќе е подготвен сценариото за најновиот дел Оушен 14.
За време на кражбата во Лувр минатата недела, четворица крадци однесоа вреден накит чија вредност е проценета на 88 милиони евра.
Полицијата за време на викендот уапси двајца осомничени за кражбата, потсетува весникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
36мин
-
50мин
-
2час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


