Џонсон: Путин не може да помине неказнето, поднесена пријава против Русија во Меѓународниот суд во Хаг

Британскиот премиер Борис Џонсон/Фото; EPA-EFE/VALDA KALNINA

Против Русија е поднесена пријава до Меѓународниот кривичен суд во Хаг, која е најмасивна досега, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува Би Би Си.

Џонсон напиша дека 38 земји го упатиле режимот на Владимир Путин на суд поради наводни воени злосторства извршени за време на инвазијата на Москва од страна на Украина.

„Ние сме кристално јасни дека Путин не може неказнето да ги изврши овие ужасни дејствија“, напиша Џонсон.

Секретарот за надворешни работи Лиз Трас на Твитер напиша дека руските војници „неселективно ги гаѓаат цивилите и ги уништуваат градовите низ Украина“.

„Истрагата на Меѓународниот кривичен суд за варварските дејствија на Русија е итно потребна и правилно е одговорните да одговараат. Обединетото Кралство тесно ќе соработува со сојузниците за да се осигура дека правдата ќе се исполни“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот