Џонсон го прими извештајот за „партигејт”, подоцна денеска ќе се обрати во Парламентот

Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

 На британскиот премиер Борис Џонсон му беше врачен долгоочекуваниот извештај од истражителите за забавите на кои тој и неговите соработници ги прекршиле строгите мерки против коронавирусот, но содржината не беше објавена бидејќи е во тек полициска истрага.

Владата соопшти дека државната службеничка Сју Греј доставила ажуриран извештај за истрагите што ги водеше за премиерот.

Од кабинетот на Џонсон изјавија дека извештајот ќе биде објавен и дека премиерот по тој повод во текот на денот ќе се обрати пред Парламентот. Сепак, тешко дека ќе биде објавена целосната приказна за наводите што ја потресоа владата на Џонсон.

Дел од наодите од извештајот нема да бидат објавени на барање на полицијата, која покрена специјална истрага дали некои од речиси 20-те собири кои Сју Греј ги истражувала ги прекршиле законите поврзани со борбата против коронавирусот. Наводите дека премиерот и неговите блиски соработници ги прекршиле строгите ограничувања наметнати од владата за борба против коронавирусот, предизвикаа гнев во јавноста, но и интензивни расправии во Конзервативната партија на Џонсон, при што некои пратеници бараат негова оставка. ссм/зш/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот