Џелал Бајрами е обвинителот на кој му е запален автомобилот

Јавен обвинител Џељал Бајрами, претседател на комисија на ЈОРСМ за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите

Денеска во утринските часови во Куманово, изгорел и автомобил на јавен обвинител . Според информациите, станува збор за возилото на обвинителот Џелал Бајрами.

Пожарот зафати голем дел од возилото, а пожарникарите брзо реагирале и го изгасиле огнот. Во моментов се спроведува истрага за да се откријат причините за пожарот и евентуалната врска со личноста на која автомобилот припаѓа.

Од Обвинителството велат дека се преземени сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето.

Во Куманово опожарен дуќан на советник од ДУИ и автомобил на јавен обвинител

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот