Џастин Бибер заврши на суд поради плагијат

џастин бибер
Џастин Бибер и „Dan+Shay“ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачот Џастин Бибер и поп дуото „Dan+Shay“ се соочуваат со обвиненија дека нивниот хит сингл „10.000 Hours“ е всушност, плагијат, пренесуваат странските медиуми.

Основниот дел од синглот наводно бил украден од песната „The First Time Baby Is A Holiday“ од 1973 година. Споменатиот хит од 1973 година е напишан пред повеќе од 40 години, а објавен е дури во 2014 година. Експертите наводно пронашле сличности во дури 47 музички секвенци, се наведува во тужбата.

Како што се наведува „без песната на тужителот“, песната на Бибер не би ни постоела. Експертската анализа наводно споменува копирање во „рефренот, стиховите и преминот“.

Заклучиле дека е толку забележливо што нема шанси песната да биде „независно создадена“.

„Мојот клиент има намера да ја докаже правдата во овој случај и е возбуден што ќе има свое сведочење на суд“, истакна Тре Ловел, кој го застапува тужителот.

Бибер и кантри поп дуото ја објавија песната во 2019 година, а таа беше главниот сингл од студискиот албум на „Dan+Shay“ од 2021 година, „Good Things“.

Човекот кој ги тужел, наводно бара забрана со која би се стопирала идната дистрибуција на песната, парична исплата и официјално да се каже кој е авторот на таа песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот