Џангаровски: Македонија ЃП има карактер и верба дека ќе успее во битката за опстанок
Денеска во рамките од 28 коло од домашното фудбалско првенство на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола од 15.00 часот ќе се сретнат екипите на Пелистер и Македонија ЃП.
Препорачано
Уште еден од серијата дуели кои што периодов ќе ги гледаме, а се однесуваат на битката за опстанок, односно кои екипи ќе ги гледаме во ПМФЛ, а кои во второлигашката конкуренција следната сезона.
Македонија ЃП како тим има доста квалитет во себе, пред се во младите и надежи македонски младински репрезентативци.
Еден од нив секако е Мартин Џангаровски, кој што во континуитет е споменуван како еден од нашите најдобри млади фудбалери. Има сериозна прволигашка минутажа, иако е генерација, 2008, и веќе е стандарден репрезентативец.
– Очекуваме многу тежок и борбен натпревар против ФК Пелистер. Станува збор за директен конкурент и знаеме колку значат бодовите. Ние сме максимално фокусирани, подготвени и веруваме во нашите квалитети дека можеме да дојдеме до позитивен резултат. Нема место за такви мисли. Додека постојат и теоретски шанси, ние ќе се бориме до крај. Тимот има карактер и верба и ќе дадеме максимум на секој натпревар. Во вакви натпревари најважно е да се биде дисциплиниран, фокусиран и да се игра како тим. Деталите одлучуваат, затоа треба ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже – вели Џангаровски.


