Џафери: Знае Груби на кое момче му бега возот, Ахмети не се занимава со ТикТок

Изет Меџити / Артан Груби/ Слободен печат

Знае Артан Груби за кого зборувам кога велам дека му бега возот на момчето, старото момче, оти Али Ахмети не се занимава со селфи и со Тик Ток, вели за „Слободен печат“ Муса Џафери, еден од водачите на „огнените“ и претседател на надзорниот одбор на ДУИ, откако по неговото обраќање на собир во Чаир, се отвори дилемата дали Џафери му ги одбројува лидерските денови на претседателот на ДУИ Ахмети.

„ Ако Груби сака се да ги превртува работите, се да стави на контото на Ахмети и да фрла бензин на огнот, не е моја обврска да објаснувам. Изјавата не се однесуваше на Ахмети. Груби знае дека се однесува на него, но сака да претстави дека зборувам за Ахмети. За жалење е, но го разбирам, тоа е политика. Ахмети не се занимава со селфи и со Тик Ток. А, велам момче, старо момче оти Груби има 46 години – вели Џафери.

Тој му порачува на Груби да „тера со циркусот додека има публика“, а за Ахмети има само едно прашање:

„Зошто Ахмети дозволува Груби да се однесува хазардерски и да ѝ наштетува на ДУИ и нему како претседател на партијата“.

На собирот на „огнените“ во Чаир завчера Џафери порача:

„Ним им бега возот…тие…момчето или старото момче ги брои неговите последни денови на тој циркус кој го води по медиумите, по Тик ток итн…“, рече Џафери.

Токму таа изјава ја отвори дилемата на кого мисли Џафери, на Груби или на Ахмети.

По ова, Груби во гостување на телевизијата „Шења“ рече дека Џафери целел на Ахмети, а дека тој е само инструмент преку кој го напаѓаат лидерот и преку кој можат да му испраќаат пораки.

„Никому немаме наштетено и се трудиме максимално да им помогнеме на сите. Многу ми е жал што работата дојде до овој степен. И птиците во планината знаат дека „Огнената група“ испраќа пораки до Али Ахмети, а не до Артан Груби. Јас сум само инструмент преку кој го напаѓаат и преку кој можат да му испратат порака. Ова се случува буквално на сите нивни собири. Сите обвинувања коишто се упатени кон мене се всушност напади кон лидерот Али Ахмети“, рече Груби.

Првиот вицепремиер денеска објави видео на кое потпретседателот на ДУИ и дел од „огнените“ Изет Меџити во изборна кампања го фали Груби и како од собирите на „огнените“ го критикува. Како објаснување на видеото Груби напиша – вчера и денес.

За собирот во Чаир, Груби и „огнените“ се скараа дали намерно била исклучена струјата во салата „Шабан Трстена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот