Џафери се сретна со амбасадорите на Албанија и Косово

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорите на Албанија и Косово, Фатос Река и Флориан Ќехаја.

На средбата со амбасадорот Река биле истакнати добрите односи помеѓу Македонија и Албанија, како значаен пример за добрососедски односи во регионот. Од владиниот кабинет соопштија дека на средбата се разговарало и за членството во ЕУ на двете држави.

Македонија и Албанија, како што е констатирано, се развиваат успешно по европскиот пат и заслужуваат полноправно членство во Европската Унија во динамичен процес до 2030 година. Тоа, како што се оцени, е од важност за граѓаните на двете држави, но и за европската стабилност, поради актуелниот геополитички контекст и затоа најреалната евроинтеграциска шанса досега, за двете држави, не смее да се пропушти, стои во соопштението.

Во таа насока, Џафери истакнал дека новата, преодна Влада, што се темели на проевропската коалиција, продолжува да работи согласно проевропскиот курс во политиките, чија цел е квалитет на живот на граѓаните по европски стандарди. Притоа, Џафери посебно посочил на фокусот на Владата за организирање мирни, фер и демократски избори, како и во претходните неколку изборни циклуси.

Фото: Влада на РСМ

На средбата со косовскиот амбасадор Ќехаја биле истакнати позитивните и конструктивни билатерални односи, отворениот дијалог, меѓупарламентарна соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Соговорниците истакнале дека ќе продолжи посветеноста на двете држави на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Северна Македонија, пред сè на унапредување на трговската размена, соработката во доменот на енергетиката и економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот