Двегодишното девојче од Кичево на Ургентен било донесено во кома

Ургентен хируршки центар клинички
Ургентен хируршки центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерството за здравство соопшти дека двегодишното девојче од Кичево кое било претепано до смрт од таткото, во Ургентниот центар во Кичево било донесено во кома.

Таткото од Кичево што до смрт ја претепа 2-годишната ќерка бил приведен после обдукцијата, затоа што мајката во полиција првично тврдела дека девојчето паднало од плакар

Во болницата е донесена од нејзината мајка, а поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија, во Скопје – се вели во соопштението.

И покрај сите заложби на лекарите, од Министерството додаваат дека за жал, двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 8 јануари.

Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи – соопшти Министерството за здравство.

Скршен череп, крварење во мозокот и скршени ребра имало двегодишното девојче од Кичево претепано до смрт од таткото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот