Две третини од албанските министрите не успеваат да ја си го оправдаат капиталот

Податоците што ги анализираше БИРН, засновани на годишните декларации на имотот на членовите на Советот на министри на Албанија од 2013 до 2018 година, покажуваат дека 67% од членовите на кабинетите, вклучително и премиерот, не го оправдуваат зголемувањето на нивното семејно богатство најмалку една година во текот на нивната политичка кариера, пренесува Албанија Дејли Њус.

Декларациите на министрите беа анализирани со помош на тројца финансиски експерти, кои ги категоризираа и ги ставаа во базата на податоци податоците дадени во декларациите за имотот. Информациите беа анализирани со методот на аритметичко-логичка контрола, како една од формите што ги користеше Високиот инспекторат за декларација и ревизија на имотот и судирот на интереси (ХИДААЦИ) при проверка на имотот на јавните службеници.

Анализата на средствата, обврските, приходите и трошоците на 27-те членови на кабинетот открива долга серија „црвени знамиња“, вклучувајќи приходи од кирии и бизниси, акции во приватни компании, профит од продажба на недвижнини и возила, обврски кон градежни компании како и позајмици. БИРН од ХИДААЦИ доби копии од 279 годишни периодични изјави дадени во текот на 2013-2018 година од министрите и премиерот Еди Рама.

Дел од анализата беа 16 членови на владата во годините 2018-2019 и 11 поранешни министри. Со исклучок на првата година од изјавите за имот, 252 декларации беа подложени на аритметичко-логичка контрола. Анализата на податоците покажа дека 39 од 252 обрасци пополнети од министрите и премиерот во текот на 2013-2018 година не успеале да ја поминат аритметичко-логичката контрола. Декларациите што содржат проблеми сочинуваат 15,5% од вкупно анализираните.

Неоправданите средства, според аритметичко-логичката контрола на декларациите доставени до Високиот инспекторат за декларација и ревизија на имотот и судирот на интереси, изнесуваат 398,8 милиони ЛЕК или 83% од вкупните нето средства на Кабинетот. Од вкупниот број министри и поранешни министри кои биле подложени на аритметичко-логичка контрола, 18 резултирале со неоправдани средства за најмалку една година, додека 9 членови на кабинетот немале неправилности.

Податоците за декларациите за имотот анализирани од БИРН покажаа дека пред да стапи на функцијата, вкупниот бруто семеен приход на 27-те членови на владата бил 563,1 милиони ЛЕК. Најголемата вредност во активата на членовите на кабинетот Рама ја зафаќаат недвижностите во износ од 745,4 милиони ЛЕК или 50% од вкупниот износ, а потоа следуваат банкарски ликвидации со износ од 520 милиони ЛЕК или 34,9% од вкупната вредност. Другите ставки, како што се возила, готовина, заеми или капитал / акции, учествуваат со вкупно околу 15% во имотите.

Извор: Албанија Дејли Њус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот