Две недели бил заробен во поплавен рудник за злато — потрагата по мексиканскиот рудар заврши успешно

Нуркачи од мексиканската војска спасија рудар кој две недели бил заробен во поплавен подземен тунел по несреќа во рудник за злато во сојузната држава Синалоа, пренесува Би-би-си. 

Франсиско Запата Нахера (42) останал заробен околу 300 метри под земја кога на 25 март се урнал насип од јаловина, структура што задржува рударски отпад. Во моментот на несреќата во рудникот имало 25 работници. Дваесет и еден рудар успеале да се извлечат, додека четворица останале заробени. Еден рудар подоцна бил пронајден мртов, а Хосе Алехандро Кастуло бил спасен по пет дена поминати под земја.

Спасувачите го пронашле Запата по повеќе од 300 часа потрага, кога нуркачите во поплавениот тунел го забележале трепкањето на неговата рударска ламба со која сигнализирал каде се наоѓа.

Поради високото ниво на вода, спасувачките екипи не можеле веднаш да го извлечат, па му оставиле вода, конзервирана храна и енергетски плочки додека пумпите работеле на испумпување на водата од тунелот. По уште околу 20 часа, Запата конечно бил извлечен на површината, каде што, завиткан во термо ќебе, со хеликоптер бил пренесен во болница и повторно се сретнал со семејството. Лекарите соопштиле дека неговата состојба е кревка, но стабилна.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум ги пофали припадниците на војската и ја истакна вербата и издржливоста на рударот, оценувајќи дека придонеле за „неверојатното спасување“.

Рударска несреќа во Нигерија – 37 млади животи згаснаа во тунелите

Мексико: Најмалку пет од десетте киднапирани работници на канадска рударска компанија се пронајдени мртви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот