Џесика Симпсон и Ерик Џонсон / Фото: Profimedia

Две години по разводот, Џесика Симпсон и Ерик Џонсон сè уште живеат заедно додека се обидуваат да ја продадат вилата

Џесика Симпсон и Ерик Џонсон сè уште живеат заедно во нивниот дом во Хиден Хилс, Калифорнија, иако поминаа две години од нивниот развод. Извор близок до поранешниот пар за „Пипл“ открил дека тие и натаму живеат во семејната куќа, но сакаат да се ослободат од имотот и да го пронајдат најдобриот начин да продолжат понатаму по разводот.

„Работат на продажба на куќата. Нивната цел беше сè да остане што е можно постабилно поради децата. Сè уште имаат одличен однос. Нивниот главен фокус се децата, но полека се движат кон следни чекори“, рекол изворот.

Исто така се наведува дека Симпсон моментално е фокусирана на своите деца, музиката, кариерата и враќањето на работа.

Џесика Симпсон/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Симпсон и Џонсон првпат ја ставиле куќата на продажба во јануари минатата година, само неколку дена пред пејачката да потврди дека се разведуваат.

Нивниот дом бил проценет на 17,9 милиони долари, а последен пат бил повлечен од листата на недвижности во јануари оваа година. Симпсон претходно за „Пипл“ изјави дека разводот од Џонсон бил многу болна ситуација.

„Живеевме одвоено и се справувавме со болната ситуација во нашиот брак. Нашите деца ни се на прво место и се фокусираме на тоа што е најдобро за нив. Благодарни сме за целата љубов и поддршка што ја добивме и ја цениме приватноста додека се справуваме со ова како семејство“, изјави таа.

Иако се разведени, Симпсон и Џонсон останале во пријателски односи. Минатата година заедно го прославиле Денот на благодарноста, а Симпсон тогаш за изјави дека семејството секогаш ќе ѝ биде на прво место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот