Веспи - моторчиња / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Две деца се судриле со мотоцикли, едното тешко повредено е згрижено во болница

Две деца на возраст од 12 и 13 години се повредени во сообраќајна несреќа кај селото Конче, радовишко. Според информациите, несреќата се случила кога дошло до судир меѓу двата мотоцикла кои ги управувале децата.

На 18.04.2026 во 16:00 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Конче, радовишко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мотоцикли, управувани од 12-годишник и 13-годишник, двајцата од с.Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишникот, додека 12-годишникот се здобил се телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип и ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, соопштија од МВР.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот