Се урна зграда во градот Гебзе, Турција/Фото: Скриншот/Икс

Двајца загинаа во уривањето на зградата во Турција, тројца и понатаму заробени под урнатините

Седумкатна станбена зграда во северозападниот турски град Гебзе се урна, при што загинаа двајца, а тројца други се заглавени под урнатините, соопштија властите и државните медиуми, пренесе „Брејкинг њуз“.

Гувернерот на Гебзе, Илхами Акташ, изјави претходно дека сите петмина биле членови на едно семејство.

Турските медиуми објавија дека станува збор за маж, жена и за нивните три деца, додавајќи дека на местото на несреќата се распоредени 627 спасувачи.

Спасувачките екипи го извлекле телото на 12-годишниот Мухамед Емир Билир, а второто тело засега не е идентификувано.

Силен земјотрес во Турција уриваше згради – има и повредени

Според државната агенција Анадолу, причината за уривањето засега е непозната, но градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, во изјава за локалните медиуми изразил сомнеж дека тоа може да е поврзано со изградбата на блиската метро-линија.

Гебзе се наоѓа долж северноанадолскиот расед и беше едно од најпогодените подрачја во земјотресот во 1999 година со јачина од 7,6 степени, во кој загинаа околу 18.000 луѓе.

Експертите долго време предупредуваат дека неуспехот на Турција да ги спроведе современите градежни стандарди претставува сериозен ризик во подрачјата, склони на земјотреси.

Во јануари годинава, уривањето на четирикатна зграда во градот Коња предизвика смрт на две лица.

Сопствениците на продавниците кои го изнајмувале приземјето моментално се соочуваат со судење за да се утврди дали ги отстраниле носечките столбови за да добијат повеќе простор — пракса што е честа и покрај строгите казни.

Доколку бидат прогласени за виновни, може да се соочат со казна затвор до 22 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот