Двајца уапсени во Лерин, дома им нашле оружје, муниција и експлозиви

Фото Полиција во Лерин

Големо количество воена опрема, откри грчката полиција во дом во градот Лерин, а уапсени се две лица кои поседувале оружје, над 72 килограми барут, над 35.000 чаури, 11 рачни бомби, како и импровизиран експлозивен механизам.

Од грчката полиција соопштија дека по извршениот претрес домот на уапсените, маж и жена на возраст од 54 и 57 години, биле откриени 14 воени пушки, шест револвери, пет пиштоли, три автомати и карабин, 95 шаржери, барут со тежина од 72 килограми и 200 грама, 11 рачни бомби, пет минофрлачки гранати, 35.455 куршуми од различен калибар, импровизиран експлозивен механизам, панцир, пиротехнички материјал, како и 14 делови од разни воени пушки.

Полицијата во рамките на прелиминарната истрага го испитува и точниот начин и време на набавка на оружјето, како и можното учество на уапсените во кривични дела.

Според грчката телевизија ЕРТ за случајот бил информиран и Секторот за борба со тероризам на грчката полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот