Двајца италијански туристи го загубија животот во сообраќајна несреќа во Саранда

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Двајцата италијански туристи го изгубија животот во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во областа Саранда во Албанија.

Според првичните податоци, двајцата италијански туристи се движеле со мотоцикл кој се судрил со патничко возило кон Ксамил. Судирот бил кобен за туристите од Италија, кои починале на место, пренесува OneTv Vlora.

Во болница е пренесен возачот на возилото, државјанин Е.Р., заедно со државјанин М.Р., сопатник во возилото. Причините за несреќата се уште се нејасни, бидејќи полицијата врши увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот