Два концерта на „Луфтанза“ и „Харакири“ ќе се одржат во кафе и филм „Котур“

Младата музичка група „Луфтанза“ својата регионална турнеја ја завршува со два интимни концерта во кафе и филм „Котур“ на 5 и 6 април, од 21 часот. За загревање ќе настапи, исто така, младата музичка група „Харакири“, која беше дел од турнејата, која ги опфати Белград, Нови Сад, Зрењанин, Суботица, Будимпешта, Загреб и Љубљана.

„Луфтанза“ се млад македонски бенд со експериментален и агресивен дух, кој спојувајќи ја својата гласност, лутина, љубов и агресија контрираат на жанровските определби, еднодимензионалноста и конформизмот на фабричката еднолична музика.

Шестте испотени другари кои свират и напорно работат во својата неклиматизирана гаража од почетокот на пандемијата, со четири албуми под своето име, се Виктор Стојановски на тапани, Раде Биковски (бас), Мартин Џорлев (вокал и гитара), Андреј Димовски (гитара и вокал), Иво Николовски (гитара, синт и понекогаш вокал) и Лука Јовановски (гитара и вокал).

Бендот „Харакири“ е формиран во 2022 година како трио од Скопје. Членови на бендот се Андреј Димовски – гитара и вокал, Марко Печеновиќ – бас и вокал и Виктор Стојановски – тапани.

Музиката што ја создаваат се движи во границите на алтернативниот рок. Првиот сингл што го објавија на Јутјуб е со наслов „Спротивниот крај“, а спотот е снимен на улиците во населбата Карпош 1 во Скопје.

Поради ограничениот капацитет, во продажба се само 80 билети, кои може да се набават во кафе и филм „Котур“. Концертот на 5 април веќе е распродаден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот