Два клуба можат да го соборат неславниот рекорд на Динамо Загреб во ЛШ
Пред последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, 12 клуба се пласираа во осминафиналето, а додека осум клуба ќе се борат за преостанатите четири места, два ќе се обидат да го избегнат неславниот рекорд на Динамо Загреб на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Препорачано
Поминаа повеќе од 10 години од сезоната 2011/2012 кога „модрите“ ги загубија сите шест натпревари во групата со Реал, Лион и Ајакс со гол разлика од -19 (3-22), а сега Викторија Плзен и Ренџерс се на „добар“ пат да се сруши тој неславен рекорд.
Шкотскиот шампион е во групата „А“ (Наполи, Ливерпул, Ајакс) без бод со гол разлика -18 (1-19), додека шампионот на Чешка е на -17 (3-20) во конкуренција со Баерн, Барселона и Интер.
Двата клуба ќе бидат домаќини во последното коло, Ренџерс ќе биде домаќин на Ајакс, а Викторија ќе ѝ гостува на Барса.
Пласман во следната фаза на ЛШ обезбедија Баерн Минхен, Челси, Манчестер сити, Интер, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Наполи, Клуб Бриж, Порто, Реал Мадрид, ПСЖ и Бенфика.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
25мин
-
55мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


