Два авиони се судрија во Кенија, двајца мртви

Фото: Твитер

Два авиони денеска се судрија во воздушниот простор над Најроби, главниот град на Кенија, при што едниот авион, кој бил помал се урнал во националниот парк, при што загинаа две лица кои се наоѓале во него, соопшти полицијата.

Поголемиот авион на компанијата „Сафарилинк“, со 39 патници и пет членови на екипажот, се упатил кон морското одморалиште Диани кога екипажот пријавил судар во воздух и силен удар веднаш по полетувањето од аеродромот „Вилсон“ и решил да се врати назад, каде што слета безбедно, соопшти авиокомпанијата.

Во полицискиот извештај се наведува дека поголемиот авион се судрил со едномоторна „Цесна 172“ со две лица кои биле на обука и кои загинале во инцидентот. Властите ги истражуваат причините за овој инцидент, се вели во соопштението на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот