Дураку: Во 2001 ја спасивме Македонија, сега ја спасуваме Северна Македонија

ДУИ е државотворна партија и  не може ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ да ја водат државата како што сакаат – вели носителот на листата на „Европскиот Фронт“ во втората изборна единица, Садула Дураку . Тој вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека нема Влада без уставни измени.

„Оваа држава мора да оди напред, мора да го задржи европскиот пат. Не може една ВМРО ДПМНЕ или пак СДСМ да ја водат државата како сакаат. И ние сме дел од оваа држава, ДУИ се покажа дека е државотворна партија и политиките ги води за доброто на државата. Во тој контекст, за доброто на државата уставни измени мора да има, нема влада без уставни измени“, рече Дураку.

Тој рече дека во 2001 ја спасиле Македонија, во 2024 ја спасувале Северна Македонија

„Во 2001 година ја демократизиравме државата, ја спасивме Македонија, а сега во 2024 година ја спасуваме Северна Македонија со тоа што го избираме вистинскиот пат. Државата ја насочуваме кон европскиот пат затоа што немаме друга алтернатива“, коментираше Дураку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот