Дуа Липа го тужи „Самсунг“ за 15 милиони долари — го користел нејзиниот лик на кутии за телевизори без дозвола
Популарната пејачка Дуа Липа поднесе тужба од 15 милиони долари против технолошкиот гигант „Самсунг“. Пејачката тврди дека компанијата го користела нејзиниот лик на амбалажата за телевизори без нејзина дозвола за да ја зголеми продажбата, пренесуваат странски медиуми.
Препорачано
Според судските документи поднесени во Калифорнија, „Самсунг“ почнал да ја користи фотографијата на пејачката на своите кутии минатата година. Кога Дуа дознала и ги замолила да престанат, компанијата наводно директно и бездушно ја отфрлил, што на крајот резултирало со тужба за повреда на авторски права вредна повеќе милиони долари.
Во тужбата се тврди дека „Самсунг“ значително профитирал со создавање лажен впечаток дека пејачката го поддржува нивниот производ.
– Лицето на г-ѓа Липа беше истакнато во масовна маркетиншка кампања за потрошувачки производ без нејзино знаење, компензација или какво било влијание. Таа не дозволи и немаше да дозволи ова да се случи – се наведува во судскиот документ.
Пејачката вели дека има строга контрола врз својот „премиум бренд“ и е многу внимателна со кого соработува. Интересно е што авторските права на контроверзната фотографија, направена зад сцената на фестивалот „Остин Сити лимитс“ во 2024 година, се во сопственост исклучиво на самата пејачка, што ја прави нејзината тужба уште посилна.
Dua Lipa files $15 MILLION lawsuit against Samsung alleging the manufacturer used her face to sell TVs without compensation or permission. pic.twitter.com/ta6SWUmubH
— Pop Crave (@PopCrave) May 10, 2026
Дека потегот на „Самсунг“ сигурно наишол на резонанца кај клиентите е докажано со објавите на обожавателите на мрежата Икс, кои беа вклучени како доказ. Многумина признаа дека го купиле производот само поради нејзиното лице.
„Не планирав ни да купам телевизор, но ја видов кутијата и решив да го купам“, напишал еден обожавател. Друг додаде: „Би го купил тој телевизор само затоа што Дуа Липа е на него. Толку сум опседната.“
Покрај повредата на авторските права, тужбата вклучува и повреда на правата за публицитет и незаконска употреба на нејзиниот заштитен знак.
Компанијата „Самсунг“ се огласи во врска со тужбата од страна на позната пејачка преку официјално соопштение, каде се вели дека е отворена за решавање на ова прашање.
– Фотографијата од г-ѓа Липа беше употребена во 2025 година за да ја претстави содржината од трета страна (наш партнер), која е достапна на „Самсунг“ телевизорите. Истата е оригинално овозможена од партнер за содржини наменети за нашата бесплатна стриминг услуга „Самсунг Тв плус“. Фотографијата беше употребена исклучиво откако добивме експлицитно уверување од партнерот за содржини дека е обезбедена дозвола за употреба на истата, вклучително и на продажните кутии на телевизорите. Имајќи го предвид ова уверување, најостро ги отфрламе сите обвиненија за интенционална злоупотреба.
„Самсунг“ има огромна почит кон артистот Липа и интелектуалната сопственост на сите изведувачи. Активно бараме соодветно решение со тимот на г-ѓа Липа и остануваме отворени за конструктивно решавање на настаната ситуација – се вели во официјалното соопштение.
ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа стана глобална амбасадорка на „Булгари“


