ДСЗИ: Да се спроведе стручен надзор над работата на докторите кои ја пораѓале и третирале родилката од Охрид - Слободен печат

ДСЗИ: Да се спроведе стручен надзор над работата на докторите кои ја пораѓале и третирале родилката од Охрид

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека со оглед на фактот дека во рамки на своите надлежности, не констатирал недостатоци, а со цел проверка во однос на стручната работа на здравствените установи и здравствените работници кои учествувале во породувањето на пациентката од Охрид, која почина на 20 јуни на Kлиника во Скопје, како и нејзиниот постоперативен третман, согласно чл. 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство иницира спроведување стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и натамошниот третман на пациентката.

Од ДСЗИ посочуваат дека во врска со написите во медиумите кои се однесуваат на почината родилка породена на 11 јуни во ЈЗУ Општа болница Охрид, вчера извршиле вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде родилката е лекувана при што врз основа на увидот во целокупната документација.

Прочитајте и...  МНР информира дека нема ниту еден Македонец во Кина заболен од коронавирусот

„Констатирана е следната состојба: Пациентката М.Т. на ден 11 јуни во 04:15 часот примена е на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Охрид, со прснат воденик во 38 гестациска недела. По направените испитувања по протокол, поставена е индикација за оперативно завршување на раѓањето. Оперативниот тек бил уреден, без компликации, родено е живо женско бебе, со родилна тежина и должина 2130 гр/46 см. со добри витални параметри. Раниот постоперативен период на пациенката уреден, се до утрото 16 јуни, петти постоперативен ден кога од страна на дежурниот забележан е оскуден серозен исцедок од раната, заради што е извршена тоалета на раната. Во текот на денот направени и се лабораториски испитувања и дијагностички процедури. Наредниот ден заради влошена здравствена состојба и врз основа на конзилијарно мислење, пациентката со медицинска екипа и возило од ЈЗУ Општа болница Охрид се транспортира на клиники во Скопје“, стои во соопштението.

Прочитајте и...  Администраторот на „Јавна соба“ е тинејџер: Групата изгуби контрола, не можев да ја избришам

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, како што се наведува, пациентката М.Т. донесена e на 17 јуни во 14 часот, прегледана, земена е нова лабораторија и со сите претходни анализи пратена е на конзилијарен преглед од абдоминален хирург, а во 18:30 часот пациентката е вратена на ГАК, направен запис за прием на оделот за анестезија и реанимација.

„По спроведени повеќе дијагностички и лабораториски испитувања, заради локален наод на оперативно поле на Клиниката направена ревизија и обработка на флегмонозната рана, дадена е силна антибиотска терапија, аналгетици, антикоагуланси, антиеметици и гастропротективна терапија. И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала, така што на ден 20 јуни во 14 часот е примена на натамошен третман и евалуација на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар под дг.О90.0 – дисрупција на рана од царски рез. На прием пациентката е со немерлива тензија, ниска сатурација, во крајно тешка општа состојба. Веднаш е поставена на механичка вентилација и пристапено кон поставување на централен венски катетер. За кратко време настанува брадикардија, асистолоја по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира на реанимацијата и настапува смрт во 15:30 часот“, стои во соопштението на ДСЗИ.

Прочитајте и...  Џафери го честита изборот на Коњуфца за нов спикер на косовското собрание

Прочитај повеќе

Кацарска: Згрозена сум од изјавата на Стефанова

Слободен печат

Директорот на СЗО допатува во Кина поради корона вирусот

Слободен печат

Деловната страна на Коби Брајант: Го пренесе „мамба менталитетот“ и во бизнисот

Слободен печат

Кина ја надмина Русија во производството на оружје и воена опрема

Слободен Печат

Поради коронавирусот 800 кинески работници нема да се вратат во Црна Гора

Слободен Печат

Рама: Меркел го поддржува балканскиот „мини Шенген“

Слободен Печат

Остави Коментар

7 − 4 =

Прочитај повеќе

Обвинителката Стефанова „ја закопа“ Катица Јанева

Слободен печат

Прв смртен случај од коронавирусот во Пекинг

Слободен Печат

Харадинај демантира: Со Гренел не дискутиравме за железничко поврзување меѓу Белград и Приштина

Слободен Печат

Термо-камера и на аеродромот во Скопје

Слободен печат

Национален центар со кој ќе се зголеми безбедноста на граѓаните на интернет

Слободен печат

Верижен судир во близина на Поликлиника Пролет (ФОТО)

Слободен печат