„Држете растојание“ за доброто на сите

Акцијата „Држете растојание” има за цел на директен и визуелно експлицитен начин да ги потсети граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето, да ги минимизираат своите контакти и на тој начин да се заштитат себеси и другите од вирусот Ковид-19. Воедно, преку акцијата ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат препораките и да се придржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните.

-Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најважна и затоа преку јазикот на уметноста се обидуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус. Како уметници и активисти не можеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да придонесе и да влијае за да го информира населението за мерките за самозаштита кои треба да се преземаат.  Уметниците и активистите преку она што знаат да го прават најдобро, преку своите дела, можат на интересен и несекојдневен начин да го подигнат нивото на свесност за оваа особено важна тема.

„Држете растојание” е акција која ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје. Им изразуваме огромна благодарност за нивната посветена работа.

На крајот, а согласно препораките на Министерството за здравство сакаме да напоменеме дека при изработката на оваа акција не постоеше никаков директен контакт помеѓу членовите на групата – работевме во фази и секвенцијално. Секој од уметниците работеше различна фаза со цел за да избегнеме директен контакт, но и за да докажеме дека иако е тешко, не е невозможно работите да се завршат и на овој начин, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот