Дронот што ја снимаше „генералката“ на Орце Ѓорѓиевски не бил пријавен за лет
За да се направат снимки од воздух има строги правила. Операторот на леталото мора да полага испит, а леталото да биде регистрирано во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Секој лет треба претходно да се најави. Но, вечерта, кога почна акцијата, таков лет не бил пријавен.
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје што ја организираше новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), покажуваат јавно достапните податоци на оваа институција, објави „Призма“.
Препорачано
Правилата налагаат секое летало што лета на македонското небо, претходно да биде регистрирано заедно со неговиот оператор, а летот претходно да биде најавен во системот.
Во други случаи, кога правилата биле прекршувани, АЦВ реагирала со опомени, а МВР во март годинава приведуваше новинари и сниматели поради кршење на прописите за летањето дронови.
ВИДЕО/ФОТО: Скопските комуналци се собраа кај „Борис Трајковски“, почнува тридневната „генералка“
На 6 ноември вечерта, паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ изгледаше како импровизирана база за „спасување“ на Скопје од наталожениот отпад, пишува „Призма“, десетици камиони и комунални возила со вклучени фарови го осветлуваа просторот, а над нив леташе дрон.
Ѓорѓиевски: Тоа што вчера го почнавме не е маркетинг, „генералката“ ќе продолжи секој ден
За да се направат снимки од воздух има строги правила. Операторот на леталото мора да полага испит, а леталото да биде регистрирано во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Секој лет треба претходно да се најави. Но, вечерта, кога почна акцијата, таков лет не бил пријавен, ниту, пак, во следните денови.
Бог за седум дена го создаде светот, Орце за три дена ќе го светне Скопје


