ДРОГА ЗАЧИНЕТА СО ЧИЛИ СОС: Полицијата во Австралија спречи необичен начин за шверц на 400 килограми метамфетамин

Фото: BBC/NEW SOUTH WALES POLICE FORCE

Четири мажи се уапсени откако австралиската полиција пронајде 400 килограми на кристален метамфетамин сокриен во увезени шишиња брендирани како лут сос, објави Би-Би-Си.

Властите пребарале пратка со сирача чили сос испратена во Сиднеј од САД и пронашле дрога во вредност од речиси 300 милиони австралиски долари (207 милиони американски долари). Лицата на возраст од 30, 34, 36 и 45 години се приведени во полиција.

Асистенот на првиот човек на полицијата Стујарт Смит рече дека 768 од пронајдените шишиња се испратени во лабораторија во Сиднеј за проверка. Тој ги опиша четворицата уапсени како „клучни членови“ во криминална мрежа, и вети дека ќе се пронајдат и другите луѓе поврзани со оваа организација.

Австрлиските медиуми се повикаа на еден полицаец кој кажал дека дрогата била имплементирана во чили-сосот, кој додатно открил дека станува збор за „софистициран“ процес кој бара познавање од хемија на испраќачите и примачите на дрогата.

Користењето на метамфетамин, според Би-Би-Си, е намалено во Австралија во изминатите години, но владините статистики покажуваат големи штети врз населението од користењето на овој опијат.

Ова не е првпат австралиската полиција да се соочи со „креативни шверцери“, откако претходно во јуни најде метамфетамин во вредост од 1,2 милијарди австралиски долари сокриен во звучници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот