„Дрим-тимот“ им се реваншира на Французите и ја продолжи доминацијата на Олимписките игри

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Кошаркарската репрезентација на САД ја одбрани титулата од Игрите во Рио де Жанеиро откако во финалето на олимпискиот турнир ја совлада Франција со 87:82.

Со триумфот во финалето, „дрим-тимот“ им се реваншира на Французите за поразот на стартот на турнирот, и ја продолжи доминацијата на Олимписките игри освојувајќи го четвртиот златен медал по ред и само на Игрите во Атина 2004 година не го освоија златото откако од 1992 година играат НБА кошаркари.

Французите се обидоа повторно да дојдат до изненадување, но освен воведното водство од шест поени (12:6), во остатокот од наптреварот беа во подредена улога. Од друга страна, кошаркарите на САД најголемата предност ја имаа во финишот од третата четвртина кога водеа со 71:57. Французите на 10 секунди до крајот на натпреварот се заканија, дојдоа на минус три поени, но НБА ѕвездите не дозволија неизвесна завршница и со поените на Кевин Дурент од линијата за слободни фрлања ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Кевин Дурент со 29 поени и шест скокови беше прво име кај САД, Џејсон Тејтум даде 19 поени, додека Еван Фурние и Руди Гобер со по 16 постигнати поени беа најпрецизни кај Франција.
За САД ова беше вкупно 16 златен медал на кошаркарскиот турнир во историјата на Олимписките игри, додека Франција го освои третиот медал и по трет пати тоа е сребрен, по игрите во Лондон 1948 и во Сиднеј 2000 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот