Гласање локални избори 2025 / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

Драстично намалена излезност во Чаир и Сарај, слаб интерес за избор на градоначалник на Скопје

Во скопските општини Чаир и Сарај речиси и да нема интерес за денешното гласање за градоначалник на Град Скопје. Според податоците до 15 часот, излезноста е значително пониска во споредба со првиот изборен круг, кога веќе беа избрани градоначалници на овие општини.

Во Сарај до 15 часот гласале само шест отсто од запишаните избирачи, односно 2.058 граѓани. Во првиот круг, пак, во истиот термин своето право на глас го искористиле 36,32 проценти или 12.454 гласачи.

Слична е состојбата и во Чаир, каде што излезноста до 15 часот изнесува 8,83 проценти, односно 5.148 гласачи, додека во првиот круг во истиот период гласале 20.773 граѓани, што претставува излезност од 35,65 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот