Драмското студио Тетово со претставата ВАЈ-ФАЈ пред гостиварската публика
На 12 април со почеток во 19.30 часот во големата сала во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар за гостиварчани премиерно ќе биде изведена хит претставата ВАЈ-ФАЈ од писателот Мирољуб Недовиќ-Рики а во режија на Мирко Видоески.
Препорачано
Се работи за комедија коај ја третира и најактуелната тема во Македонија- иселувањето.
„Публиката во Гостивар ќе има можност да се насмее на згодите и незгодите на две семејства од Тетово кои се посватуваат, а нивните деца се во странство.Текстот е многу актуелен и колку што има хумор во него сепак остава една доза горчлива насмевка затоа што никого не го остава рамнодушен сето ова што се случува со исселувањето на младите од Македонија. Ова претстава исто така во мај месец ќе гостува во Белград на Манифестацијата „Деновите на македонската култура 2024“, во организација на Здружението на Македонците во Белград „МАКЕДОНИУМ“ и Советот на Македонците во Република Србија,“ велат од Драмското студио Тетово.
На 17 април пак Драмското студио Тетово ќе започне со подготовка на нова театарска претстава на текст на нашиот прославен драмски писател и текстописец Огнен Неделковски со наслов ,,ВИ-Спасувач на бракови.
Премиера е најавена за почетокот на јуни 2024 година.По подолго време за оваа претстава ќе се подготви и авторска музика за која ќе се погрижи групата Легенда.


