Драмски аматерски фестивал од Кочани: Дарко Спасов нов извршен директор, Благоја Веселинов нов селектор

Фото: mia.mk

Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) со седиште во Кочани доби ново раководство. За нов извршен директор, со мандат од четири години, е избран Дарко Спасов, драматург во Театар Комедија – Скопје. За претседател на Собранието, со двегодишен мандат, е избран Димче Николовски, режисер во Драмскиот театар од Скопје, а функцијата селектор во следните две години ќе ја извршува Благој Веселинов, актер во Македонскиот народен театар.

– Во тек се подготовките за 58-то фестивалско издание што ќе се одржи оваа година и ние се надеваме на што побрзо ставање под контрола на пандемијата од коронавирусот, со што ќе се овозможат нормални услови за работа и враќање на публиката. Во тек е дигитализирање на богатата архивата на ДАФ, што веќе шест децении е матица на драмскиот аматеризам и еден од најстарите театарски фестивали во Македонија, истакна Дарко Спасов, извршен директор на ДАФ.

Новата управа на ДАФ упатува повик до сите заинтересирани здруженија, правни субјекти и поединци, за соработка и партнерство на каква било основа. Со тоа ќе се овозможи фестивалот да продолжи и во седмата деценија од своето постоење, а Кочани да остане одличен домаќин на театарските групи од државата и од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот