Драмата во црногорската влада продолжува: Премиерот Кривокапиќ бара смена на вицепремиерот Абазовиќ од друга функција

Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Владата на Црна Гора на денешната телефонска седница ќе гласа за предлогот на премиерот Здравко Кривокапиќ за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ од функцијата претседател на Националниот совет за борба против високата корупција.

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Со оглед на тоа што Кривокапиќ е поддржан од мнозинството министри во Владата, реално е да се очекува овој предлог да биде изгласан на денешната владина седница.

Националниот совет на чело со Абазовиќ е формиран на 17 декември 2020 година.Претходно премиерот Кривокапиќ поведе иницијатива за смена на својот вицепремиер, лидер на една од партиите кои коалицираат и кои учествуваат во коалиционата црногорска влада.


Смената на Абазовиќ уследи откако тој заедно со уште неколку помали партии се обиде да издејствува гласање во Парламентот за недоверба на актуелниот владин кабинет на Кривокапиќ и потоа да формира малцинска влада со преземање на премиерското место.

Веднаш по оваа иницијатива, дојде контраудар од актуелниот премиер Кривокапиќ кој започна со лобирање на поддршка и смена на Абазовиќ од вицепремиерската функција.

Фото: МИА

Партијата на Србите во Црна Гора од чии редови беше именуван токму Кривокапиќ го обвинија Абазовиќ дека со поддршка на странски служби се обидува да ги избрише Србите од политичкото влијание во Црна Гора и да ја врати на власт ДПС партијата на актуелниот престедател Мило Ѓукановиќ која загуби на минатогодишните парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот