ДРАМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Виничанец сомнителен на коронавирус побегнал низ прозорец, полицијата го чува во домашен карантин

Маж од Виница и неговата партнерка, државјанка на Хрватска без дозвола го напуштиле карантинскиот дел на Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип, по што отишле во домот на виничанецот, каде веднаш се ставени во изолација.

Тие пријавиле во Инфективното одделение дека имаат симптоми на коронавирус по посетата на Италија.

Ова вечерва за МИА го потврди министерот за здавство Венко Филипче, кој рече дека мажот и жената не се вратени во Инфективното одделение, туку се во изолација во домот на Виничанецот.

– Избегале, но дома отишле, се исплашиле. Не се вратени во Инфективното одделение, дома се во изолација. Ова ми го соопштија од МВР – изјави Филипче.

Мажот и жената го напуштиле без дозвола Инфективното одделение откако искршиле еден од прозорците на болничката соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот