Драма во Ријека: Домашните фудбалери со помош на полиција си заминаа од стадионот

принтскрин

Бесните навивачи на Ријека, „Армада“ ги чекаа домашните фудбалери пред стадионот по поразот во дербито во хрватската прва лига од Хајдук со минимални 0:1.

Ријека за која настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, се наоѓа во очајна форма и веќе пет натпревари е без победа, а лошата серија започна со поразот кој највеќе боли, од вечерашниот голем ривал Хајдук.
Речиси нереално звучи дека Ријека нема победа на домашен терен уште од 8. ноември 2020 година, но вториот пораз од Хајдук во 17. дена ги разгневи навивачите кои се собраа пред стадионот. Тие ги „почестија“ фудбалерите со навреди, а им порачаа дека „ќе добијат ќотек“.
На крајот полицијата мораше да интервенира и да им овозможи на фудбалерите да го напуштат стадионот. Ријека и покрај поразот остана на четвртата позиција на табелата со 32 бода, но сега Хајдук е зад нив со само три бода помалку и натпревар помалку.

По смирувањето на тензиите, Симон Рожман си поднесе оставка од тренерската позиција и како нов наследник се споменува Горан Томиќ, поранешниот тренер на Локомотива Загреб. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот