Драма во луксузната населба во Орман: Сосетката ја пријавила пејачката Аделина Тахири дека го нападнала нејзиното малолетно дете (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата пејачка Аделина Тахири Марков била пријавена од нејзина сосетка дека физички го нападнала нејзиното малолетно дете и му го украла мобилниот телефон – објавува порталот „а1он.мк“

Сосетката на Тахири ја пријавила за разбојништво со влечење, тепање и закани кон нејзиното дете, а, пак, Тахири негира дека имало  каков било физички напад кон малолетното лице.

Фото: Инстаграм

Пејачката за порталот вели дека кога се шетала во комплексот во Орман, била снимена со мобилен телефон од малолетната ќерка на нејзината сосетка. Кога го прашало девојчето дали ја снима, Аделина добила потврден одговор.

– Бев излезена со мојот син, сестра ми и жената којашто ми помага дома. Забележав дека малолетната М.В. ме снима со нејзиниот телефон, тргнав кон неа и ја прашав дали ме снима. Таа одговори потврдно, по што побарав да ја избрише снимката. Таа иронично ми кажа дека не сака, по што побарав да ми го даде телефонот, но повторно иронично ме одби. Во тој момент ѝ го зедов телефонот и очекував дека нејзината мајка ќе дојде и ќе го отклучи телефонот, за да ја избрише снимката. Мајка ѝ не дојде, туку полиција, откако ме пријавиле“, вели Тахири за порталот „а1он.мк“.

За да ја прочитате целата сторија кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот