Драма на небото над Калифорнија: Авион се спушти за да избегне судар со друг, двајца повредени
Авион на „Саутвест ерлајнс“ ја намали драстично висината за неколку стотици метри за да избегне потенцијален судир со друг авион во петокот, при што беа повредени двајца членови на екипажот и исплашени многу патници.
Препорачано
„Јас и неколку други луѓе бевме исфрлени од седиштата и ги удривме главите од таванот“, изјави за Икс комичарот Џими Дор, кој беше на летот од Бурбанк до Лас Вегас.
„Пилотот рече дека се огласило предупредувањето за избегнување судир и дека морал да избегне авион што доаѓа директно кон нас“, додаде тој.
ФАА соопшти дека „го истражува инцидентот“.
BREAKING NEWS
USA
A Southwest Airlines flight to Las Vegas encountered a dramatic situation shortly after takeoff. The aircraft lost 150 meters of altitude within seconds to avoid a possible collision, 2 injured reported.
This is the second time this week that an American… pic.twitter.com/bA03BlaAax
— Elly 🎗️Israel Hamas War Updates (@elly_bar) July 27, 2025
Летот 1496 на „Саутвест ерлајнс“ „одговорил на предупредување во авионот дека друг авион е во близина“, потврди федералната агенција.
Од своја страна, авиокомпанијата објасни дека пилотот „одговорил на две предупредувања“ за да избегне судир со авионот „во петокот попладне, за време на првичното искачување од Бурбанк, Калифорнија, што барало од него да добие надморска височина, а потоа да ја изгуби“.
„Летот продолжи кон Лас Вегас, каде што слета безбедно“, соопшти „Саутвест ерлајнс“.
Двајца членови на екипажот побараа медицинска помош поради повреди, соопшти компанијата, додавајќи дека сите патници се безбедни.
Авионот се нашол во истиот воздушен простор во близина на Бурбанк каде што се наоѓаше борбениот авион „Хокер Хантер Мк. 58“, според веб-страницата за следење на летови FlightAware.
Инцидентот дополнително ги зголемува загриженостите за безбедноста на воздушниот сообраќај во САД, по серијата несреќи во последните месеци.
Во јануари, воен хеликоптер се урна во комерцијален патнички авион при последното приближување кон меѓународниот аеродром „Роналд Реган“, во близина на центарот на Вашингтон, при што загинаа 67 лица.
Администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп вети на почетокот на мај дека „целосно ќе го модернизира“ американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај, кој има застарена опрема (радар, ИТ системи итн.) и страда од сериозен недостиг на персонал во кулите управувани од ФАА.
Сепак, неговата администрација отпушти стотици вработени како дел од својот план за намалување на федералните трошоци за плати.


