Авион на „Бритиш ервејс“/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Драма на летот на „Бритиш ервејс“! 20 патници исфрлени од авионот пред да полета, пилотот рекол…

Околу 20 патници на „Бритиш ервејс“ морале на 11 август да излезат од авионот на аеродромот „Америго Веспучи“ во Фиренца, бидејќи авионот бил премногу тежок за полетување, пишува британскиот „Мирор“. Причината е екстремната топлина која тој ден достигнала 35 степени Целзиусови во Италија, поради што воздухот беше поредок, па било потребно повеќе гориво за да се достигне висината на летот. Дополнителната тежина на горивото го намалила бројот на патници што можеа да се превезат.

Летот Ембраер ЕРј-190 требало да полета за Лондон Сити, но проблемот дополнително го отежнала и кратката писта на аеродромот, двојно пократка од онаа на лондонскиот „Гетвик“.

Еден патник им опишал на британските медиуми дека пилотот им објаснил дека е потребно да се намали оптоварувањето поради топлината и дека било најавено дека 36 лица ќе се симнат, но на крајот околу 20 од нив го напуштиле авионот.

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ се извини поради непријатностите, нагласувајќи дека екстремните температури влијаат на воздушниот притисок и капацитетот на авионите при полетувањето, особено на помалите писти.

„Нашите екипи работеа на тоа да се осигурат дека патниците ќе стигнат до своите дестинации што е можно побрзо“, објави компанијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот