Драма на Балтикот: Руски борбен авион прелета над Естонија

Министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Такна, денес изјави дека е упатен протест до Москва, бидејќи руски борбен авион го нарушил естонскиот воздушен простор во средата.

Инцидентот се случил во близина на островот Вајндло, во Финскиот Залив, каде што руски ловец СУ-30 влегол во естонскиот воздушен простор.

Авионот останал во естонскиот воздушен простор околу една минута, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин, пренесува Нова.рс.

Наведено е дека единица на италијанските воздухопловни сили реагирала на инцидентот и дека нема опасност од загрозување на безбедноста на Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот