Драган Стојков ново засилување за Работнички

фото: ФК Работнички

Работнички го ангажираше фудбалерот за врска Драган Стојков кој потпиша едногодишен договор со клубот и доаѓа од редовите на второлигашот Беласица.

Драган Стојков (31) има богато интернационално искуство, има настапувано за грчките клубови Егалео и Илисијакос, српските тимови Јагодина и Напредак Крушевац, а голем дел од кариерата помина и во САД, каде беше член на ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.

Минатата сезона Драган Стојков имаше 29 настапи во дресот на Беласица. Во струмичкиот тим тој и ја почна кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот