Пожар во хотелот „Гранд Картал“, Турција / Фото: EPA-EFE/STR

Доживотен затвор за сопственикот на хотелот во Турција во кој изгореа 78 луѓе

Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за трагичниот пожар што во јануари годинава го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, при што загинаа 78 луѓе, меѓу кои 34 деца, а повредени беа 137 гости.

Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим се сопственикот на хотелот Халит Ергјул, неговата сопруга Емине Ергјул, нивните ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, главниот менаџер Емир Арас, управителот Зеки Јилмаз, заменик-градоначалникот на Болу Седат Ѓуленер, директорот на друг хотел Ахмет Демир, финансискиот директор Кадир Јоздемир, како и заменик-началникот на противпожарната служба Кенан Џошкун и пожарникарот Ирфан Аџар.

Секој од нив доби и дополнителни 44 казни од по 24 години и 11 месеци за смртта на преостанатите жртви, без право на намалување на казната, јави „Туркије Тудеј“, пренесува Еуроњуз.

Грешката нa готвачот уби 78 луѓе во пожарот во Турција

Обвинителството ги товари осудените за тешки прекршувања на безбедносните прописи и свесна небрежност, а дел од нив и за „убиство со веројатна намера“.

Судењето се водеше против вкупно 32 обвинети, од кои 20 беа во притвор, а поради големиот интерес и безбедносните мерки, судската седница се одржа во специјално адаптирана сала во училиште во провинцијата Болу.

Пожарот, кој избувна на 21 јануари во кујната на 12-катниот хотел, брзо се проширил поради дрвената фасада и недостатокот на соодветни противпожарни системи, покажуваат првичните наоди.

Настанот се смета за еден од најсмртоносните пожари во поновата турска историја и предизвика огромен јавен револт поради недоволните безбедносни стандарди во туристичките објекти.

Пресудата беше дочекана со аплауз во судницата од семејствата на жртвите, додека критичарите предупредија дека одговорноста не ја понеле државните функционери и претставници на Министерството за туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот