Грешката нa готвачот уби 78 луѓе во пожарот во Турција

Пожарот во хотелот Гранд Картал во Болу, Турција во кој загинаа 78 лица, а 50 беа повредени, избувнал кога четиричлена екипа во кујната, подготвувајќи појадок, се обидела да го изгасне запаленото врело масло со вода, поради што пламенот се проширил. . Од приведените, 19 лица се уапсени под обвинение за „намерно невнимание кое довело до смрт и повреда на повеќе лица“.

Пожарот се случи на 21 јануари во хотелот Гранд Картал, лоциран во ски-центарот Карталкаја на врвот на планината Короглу. Пожарот бил пријавен во 03:21 часот, по што на лице место биле испратени противпожарни екипи, пренесува Хуриет.

По несреќата, Обвинителството во Болу покрена истрага, во која беа приведени 26 лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот Халит Ергул.

Во текот на истрагата почнале да се откриваат околностите кои довеле до пожарот. Според изјавите на осомничените, готвачот Фајсал Јавер и кујнските работници Мехмет Гундуз, Јусуф Караханли и Фидан Курч отишле во кујната да подготват појадок. За време на подготовката маслото на скарата се прегреало и се запалило.

Во паника работниците во кујната се обиделе да го изгаснат пламенот истурајќи вода врз маслото, поради што пожарот експлозивно се проширил. Пламенот брзо се проширил на просторот над скарата, се проширил и на системот за вентилација, а преку оџакот стигнал и до другите делови од зградата.

Откако сфатиле дека не можат да го контролираат пожарот, работниците во кујната исплашени избегале од објектот. Пожарот кој започнал во кујната набрзо се проширил и го зафатил целиот хотел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот