Доживотен затвор за масовниот убиец од Крајстчерч (ВИДЕО)

epa08628409 Defendant Brenton Tarrant listens as Crown prosecutor Mark Zarifeh delivers his submission during day four of his sentencing at the High Court in Christchurch, New Zealand, 27 August 2020. Tarrant was sentenced to life in prison on 51 counts of murder, 40 counts of attempted murder and one terrorism charge after attacks on two mosques in 2019. EPA-EFE/JOHN KIRK-ANDERSON / POOL

„Бевте сурови и без милост. Вашиот чин е нечовечки“, рече судијата.

Напаѓачот на џамиите во Крајстчерч, Брентон Тарант осуден е денеска на казна доживотен затовр без можност за условно пуштање за убиство на 51 муслимански верник во 2019 година на Нов Зеланд.

Судијата Камерон Мандер рече дека за „извртената“ идеологија на Тарант се крие „силна омраза“ која го навела да напаѓа мажи, жени и деца кои не можеле да се бранат.

„Задача на судот е одлучно да го сузбие тоа зло на омразата“, рече судијата Мандер изрекувајќи ја казната, прва таква во судската праксата на Нов Зеланд.

Судијата, истакнувајќи дека новозеландската муслиманска заедница плати висока цена, рече дека сторителот на страшниот масакр сепак не успеал да ја промовира идеологијата на крајната десница.

„Бевте сурови и без милост. Вашиот чин е нечовечки“, рече судијата.

На 15 март 2019 година австралискиот белец расист Брентот Тарант ладнокрвно во две џамии во тој новозеландски град уби 51 верник на петочната молитва, поттикнувајќи бран осуда во целиот свет.

Прогласен е за виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за терористички напад откако во март ја призна вината.

Главниот обвинител Марк Зарифех оцени дека таквиот маскар „не е запаметен во историјата на злосторставата на Нов Зеланд“.

„Ова е несомнено најлошо убиство на Нов Зеланд (…) мотивирани од цврсто вкоренет расистичка и ксенофобична идеологија“, рече тој.

Доживотниот затвор е „единствена соодветна казна“ за Тарант, заклучи Зарифех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот