Дождот ги полни браните од хидросистемот „Брегалница”

инстаграм

Интензивните врнежи од дожд значително го
покачија нивото на вода во реките од хидросистемот „Брегалница”, што помага во
полнењето на браните Калиманци и Гратче.

 

Дотокот на вода од реката Брегалница во езерото Калиманци овозможи за само
една недела да се акумулираат близу девет милиони кубни метри, односно во
моментот во неа има околу 40 милиони кубни метри вода. Браната Гратче е веќе
полна, а на преливот истекуваат по околу два кубни метри вода во секунда.

-Во моментот работиме на чистење на паднати дрвја во таканаречениот Бугарски
канал кај селото Чешиново, на протокот на вода кај селото Мојанци, како и на јазот
на реката Масалница. Засега немаме поголеми проблеми со водостојот на реките,
но по најавите дека дожд ќе врне и во текот на оваа недела, ќе ја следиме
состојбата постојано. Врнежите се во вистински момент за да се зголеми нивото на
акумулирана вода во вештачките езера, што ќе ни помогне во изработката на
овогодишниот план за сеидба на ориз, истакна Дени Митров, раководител на
водостопанската подружница „Брегалница” од Кочани.

Мобилни екипи со вработени на водостопанското претпријатие се на терен во
кочанскиот регион, а за раслистување на каналите и речните корита се ангажирани и
две градежни машини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот