Достоевски на коцкарница во Германија ѝ должел 240.000 евра, видете кој по многу години го отплатил неговиот долг

Фото: Википедиа

Достоевски наводно останал должен во вредност на денешни 240.000 евра, а тој долг го отплатил сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, познатиот руски милионер Роман Абрамович.

На познавачите на ликот и делото на Фјодор Михајлович Достоевски им е познато дека тој бил страствен коцкар, за што меѓудругото сведочи и неговиот истоимен роман.

Достоевски живеел и работел во Германија, а во градот Висбаден во една коцкарница до 2013 година стоела табла на која пишувало:

„Во оваа коцкарница, Ф.М Достоевски, остана должен за оваа сума на пари“.

Достоевски наводно останал должен во вредност на денешни 240.000 евра, а тој долг го отплатил сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, познатиот руски милионер Роман Абрамович.

За време на отплатата, Роман Абрамович, како што вели анегдотата, ги изговорил овие зборови: „Достоевски никому ништо не му е должен, тргнете ја оваа срамна табла“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот