Доста ми е од сѐ: Ријалити шоуто за Кардашијанс останува без една од славните сестри! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Повеќе од 10 години откако најверојатно најпознатото семејство на светот ја отвори вратата од својот дом, една од прочуените сестри Кардашијанс одлучи да се повлече.

Кортни Кардашијан (40), најстарата членка на кланот Кардашијан-Џенер, повеќе нема да ги дели деталите од својот живот со милионскиот аудиториум!

Како што јавуваат светските медиуми, Кортни соопштила за време на гостувањето во една телевизиска емисија, а не ни криела која е причината.

„Одлучив да поминам повеќе време со своите деца и да им надокнадам се што сме пропуштиле да правиме заедно“, била искрена Кортни.

„Во новата 18 сезона ќе ви додевам уште, но после тоа се поздравуваме“, изјавила таа.

Profimedia

Кога ријалити шоуто „Во чекор со Кардашијанс“ започна да се емитува во 2007 година, Кортни беше слободна девојка без обврски, а денес таа е мајка на 3 деца – момчињата Мејсон (9) и Рејн (4) и девојчето Пенелопи (7), која ги имаше со Скот Дисик. Инаку, Кортни му дозволи на аудиториумот на ова ријалити и камерите дури да присувствуваат и на едно од нејзините породувања. Таа од секогаш била еднакво застапена во шоуто како и нејзините останати сестри, поради што со оваа изјава таа ја изненади американската публика.

На друштвените мрежи можат да се прочитаат коментари дека Кортни никогаш не била опседната со славата и парите, со што од секогаш „штрчела“, па оваа одлука и не етолку шокантна како што делува на прв поглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот