Доста е, ми треба мир: Пејачката Анабела се повлекува од музиката и јавниот живот!

Фото: Инстаграм

На Анабела Атијас и е исплатен долгот за алиментација на ќерката Нина кој и го должеше нејзиниот поранешен сопруг Гаги Ѓогани, а сега пејачката донесе одлука која ги шокира многумина.

Имено, Анабела донела одлука да се повлече од медиумите наведувајќи дека повеќе не ја интеренсира јавниот живот и да сврти нов лист.

– Нема да давам изјави на било која тема. Не сум заинтеренсирана повеќе за медиумски живот. Се повлекувам. Не ми треба, немам никаква корист од тоа, не ме привлекува. Моментално не размислувам за објавување на нови песни, можеби поради короната, можеби сум уморна, но така се чувствувам. Ми годи да се насочам на други работи. Ќе видам, можеби ќе се предомислам, но засега се повлекувам“, изјави Анабела.

Потсетуваме, Атијас помина низ лош период за време на нејзиното учество во „Задруга 3“, каде пред камерите откри многу тајни од нејзиниот приватен живот, а и моментално не е во контакт со нејзината ќерка Луна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот